Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис денеска и утре ќе престојува во посета на Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни града.
Станува збор за возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.
По средбата на Каминис и Шилегов ќе следи потпишувањето на меморандумот за соработка.
Каминис, неодамна изјави дека со Шилегов, ги поврзува и нивната политичка ориентација, и двајцата се социјалдемократи, но најважно од сѐ е волјата за соработка.
– Време е подобро да се запознаеме- беше порака што атинскиот градоначалник тогаш ја испрати до македонските граѓани.