Екипите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје по обилните врнежи од дожд и засилениот ветер, во текот на вчерашниот ден започнаа со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациона мрежа.
Екипите на претпријатието и денес продолжуваат со расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата на град Скопје.