Министерството за здравство ќе издвои 14,4 милиони денари за изработка на урбанистички проекти, проекти за инфраструктурата и за елаборат за новиот клинички центар што треба да се гради во Ѓорче Петров.
– На денешната седница прифатена е информацијата за одобрување финансиски средства на општина Ѓорче Петров од буџетот на Министерството за здравство во износ од 14.400.000 денари, кои ќе бидат наменети за изработка на урбанистичко-проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за потребите на урбанистичкиот план надвор од населеното место Веле Поле, општина Ѓорче Петров, каде што треба да се гради новиот клинички центар – соопштија од Владата.