Врвни црвени, бели или розе вина, закуски и богата музичка програма ќе понуди годинашниот „Фестивалот на виното – Вино Скоп“ што ќе се одржи од 24 до 27 октомври на „Плоштад Македонија“.
Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.
-На годинашниов „Skopje Wine Expo“, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетни вина и вкусните специјалитети како прилог со виното, велат од Град Скопје.