фото: Маја Јаневска - Илиева

Камениот мост, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје и значајно културно-историско наследство, ќе добие современо декоративно осветлување кое ќе ја истакне неговата архитектура и историска вредност, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, во рамки на проектот ќе бидат поставени современи ЛЕД-светилки, рефлектори и системи за контрола на осветлувањето, со што мостот ќе добие нова естетска димензија и уште понагласено ќе го истакне својот историски идентитет. -Со новото декоративно осветлување, Камениот мост ќе добие уште поголема препознатливост и ќе стане вистински ноќен симбол на Скопје, кој ќе ја истакне богатата историја и убавината на нашиот град – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.