Фото: Маја Јавеска Илиева

gradski По претходно добиени информации дека денеска околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, полицијата презела мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.

Како што информираат од МВР, лицето е веќе пронајдено, односно утврдено е дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.

Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.