Како што информира Министерството за правда, на денешната средба на раководството на УВМК со Независниот синдикат и претставник од Владата договорено е до 1 септември да се подготват три опции за начинот на кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во УВМК.
– На 15 јуни беше потпишан колективен договор, со кој се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и друго. Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата – се вели во соопштението.
Министерството за правда, како што се наведува, и во иднина ќе се грижи за унапредување на правата на вработените во УВМК.