Синоќа во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека пред деловен објект на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид била пронајдена флеш шок бомба.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид, бомбата била безбедно подигната, соопшти полицијата.
Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи.