Викендов по шести пат се одржа традиционално искачување на врвот Клепа (1.150 м н.в.), акција во која масовно се вклучија планинари од цела Македонија. Планинарската тура обедини над дваесет планинарски друштва, кои оддадоа почест и споделија спомени од трагично загинатите Калина Велевска и Александар Миновски, во 2018 година. Планинарите го чуваат споменот за Калина и Александар и ја одржуваат востановената традиција на искачување на Клепа.
Беа присутни над 400 планинари од Македонија, Австралија и Србија. Организатори беа СПЕД Клепа од Росоман, ЕГ Грин Пауер и ПСК Азот од Велес и градоначалниците на Росоман и Градско.
Калина и Александар на 10 февруари 2018 година ги загубија животите на грчката страна на Кајмакчалан. Во нивна чест на посебна парцела на делот од патеката ѕа искачување е формирана и Шумата на Калина и Александар.