фото: Киро Попов/ РРЈ.мк

Со 16-минутно молчење им се оддаде почит на жртвите во пожарот што се случи во Кочани.

Протестот го организира граѓанското движење „Кој е следен?“, а почна од плоштадот „Македонија“. Учесниците потоа се упатија кон Собранието, од каде стигнаа пред Владата. 

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на маршот, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје ги поздравија медицинските работници.

„Правда“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „Нема правда, нема мир“, „Ние сме системот“, се само некои од пораките што вечерва ги упатија учесниците на протестот.