За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат.
– Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 година, а е легализиран во 2005 година и досега не увидовме дека постои нивно барање за елаборат – изјави Селами.
Селами појаснува дека согласно законот секој објект треба да поседува опрема за заштита од пожари. Двајца инспектори од оваа институција соработуваат со останатите за да се увидат точните причини за избувнување на пожарот.
Во пожарот во Кочани, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.