Дваесетгодишна девојка почина од грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, пренесе „Макфакс“.
Ова е седми смртен случај од оваа заразна болест од почетокот на сезоната на грип, како што изјави доктор Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.
Девојката била префрлена на Инфективната клиника од Клиниката за хематологија, но, како што рече Мехмедовиќ, не е прецизирано поради која хематолошка болест била таму.