Аматерската велосипедска група „Маседонијан Бајк рајдерс“, ја одржа седмата Меморијална велосипедска тура, во чест и сеќавање на Калина Велевска.
– Како и секоја година и оваа возевме во подножјето на Скопска црна гора преку Ченто – Стајковци – Црешево – Булачани – Раштак – Љуботен – Љубанци – Побожје – Кучевиште – Бутел. Турата заврши со оддавање почит и положување свежо цвеќе на гробот на Калина. Вечна ти слава девојче – стои во објавата на социјалните мрежи.
Калина Велевска (1990), дипломирана правничка, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.