Препораки за граѓаните за самозаштита од топлото време
Се соочуваме со екстремно високи температури, кои, како што се предвидува, деновиве ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени. Екстремната топлина ги попречува секојдневните активности, а може да има и сериозно негативно влијание врз здравјето. По честите предупредувања од метеоролозите дека пристигнал изразен тропски бран, се поставува прашањето како да се заштитиме од големите горештини и како да го зачуваме здравјето во вакви услови. Во продолжение следуваат совети од експертите за граѓаните
Се соочуваме со екстремно високи температури, кои, како што се предвидува, деновиве ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени. Екстремната топлина ги попречува секојдневните активности, а мож
е да има и сериозно негативно влијание врз здравјето. По честите предупредувања од метеоролозите дека пристигнал изразен тропски бран, се поставува прашањето како да се заштитиме од големите горештини и како да го зачуваме здравјето во вакви услови. Во продолжение следуваат совети од експертите за граѓаните.
Редовно туширање и разладување на просториите
Во текот на топлите летни денови не се препорачува престој надвор од 10 до 20 часот. Можете да одите на прошетки наутро и навечер, а физичката активност во текот на денот треба да се сведе на минимум. Домаќинските работи треба да завршат до 10 часот.
– Многу луѓе вршат физичка работа надвор и невозможно е да ги прекинете поради временските услови. Тие треба да прават паузи под сенка и да пијат многу минерална вода. Децата, постарите и хронично болните не треба да излегуваат надвор кога е силно сонце. Оние што пијат лекови можеби ќе треба да го намалат внесувањето, но со задолжителен совет на лекар, бидејќи на горештините паѓа притисокот и се шират крвните садови. Поради слабата циркулација може да има отоци на потколениците и стапалата, па чевлите затоа треба да бидат лесни, рамни, а потпетиците не се препорачуваат на ова време – објаснува д-р Нада Мацура, позната на Балканот како исклучително емпатичен професионалец, која со своите невообичаени, но многу ефикасни совети преку медиумите им помагаше на граѓаните и со препораки од класичната медицина, но и со народни традиционални совети. Во оваа пригода таа ги потсети граѓаните дека облеката што ја носиме треба да биде од природни материјали, како лен и памук, никако синтетика или други вештачки материјали, кои поттикнуваат потење, губење вода и електролити и имаат лоша терморегулација.
Храната за време на топлите денови мора да биде лесно сварлива.
– Најдобро е да јадете салати од зеленчук и овошје. Воопшто не е добро да се јаде силна, мрсна и солена храна. Но доколку има прекумерно потење, се губат електролити и минерали, па пожелно е да внесете малку сол во организмот. Потребно е да се пие што повеќе течност, по можност лимонада со малку мед. Пиењето кафе зависи од вашиот афинитет, но не треба да пиете многу топли напитоци, бидејќи ја загреваат внатрешноста на телото – вели докторката.
Освен вода за пиење, луѓето треба редовно да се тушираат за да го разладат телото, но и редовно да ги ладат становите и местата каде што престојуваат, бидејќи топлотен удар може да се случи и во затворени простори.
Потребна е заштита од топлотен удар при престој на отворено
Ако времето се поминува надвор од куќата и во затворен простор за време на високи температури, постојат упатства што можат да ни помогнат. Мора да бидеме особено внимателни кога се изложуваме на сонце поради инфрацрвено и ултравиолетово зрачење, бидејќи кожата не реагира веднаш, туку околу 20 часа подоцна. Потребно е да се заштити главата од сонце, а целото тело од топлотен удар. Носењето заштита за главата и пиењето вода мора да бидат задолжителни при излегување надвор при високи температури.
– Доколку излегувате на сонце, носењето капа е задолжително. Ако некој се најде надвор кога е жешко, не се препорачува да се форсира и да шета без престан, туку може да седне во кафуле да одмори и да се освежи – забележува д-р Нада Мацура.
Кога станува збор за освежување во базените, најважно е да се користат само оние што се обележани и каде што има спасувачи и медицински тимови. Не е препорачливо да скокате во водата, бидејќи има голема разлика во температурата на телото што ја презела температурата на околината и водата. На плажа треба да избегнувате директна сончева светлина и да најдете место под чадор или дрво. Н.М.
Клима-уредот да работи само додека сме будни
Топлината ни го нарушува сонот. Затоа често го вклучуваме клима-уредот и си легнуваме во кревет. Препорачливо е во текот на ноќта климата да работи само кога сме будни.
– Додека работи клима-уредот, не смее да се насочува кон телата, бидејќи доколку дува директно на заспаните може да предизвика настинка. Ако легнеме, климата треба да се постави да се исклучи за 15-30 минути, односно додека сме будни. Кога човек ќе заспие, нема да ја почувствува разликата во температурата. Оние што немаат клима-уред, пред спиење треба да ги навлажнуваат подлактиците и рацете со ладна вода. Ова ќе му помогне на телото да се олади, како и да се тушираат со млака вода – препорачува докторката.