Се урнаа потпорниот ѕид и оградата на Клиничкиот центар на улицата Белградска во близина на Детската клиника во Скопје (делот кон Водно).
Уривањето на ѕидот е пријавено претпладнево, а се претпоставува дека причината се подземни води. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека ситуацијата била алармантна и пред година и пол кога тој ги известил Министерството за здравство, град Скопје, МВР, општина Центар и други институции, но никој не реагирал.
-После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицијата, по што можна е поголема трагедија. Од страна на ЦУК во повеќе наврати е инвертернирано, односно се испратени дописи. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност – изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, во видео кое е снимено и дистрибуирано од Центарот за управување со кризи.
Дел од ѕидот заврши на улицата, а дел во дворот на Клинички центар, на паркинг кој е пдо самата ограда. Автомобили и понатаму се движат по улицата и по инцидентот, а во близина се наоѓа и службениот влез на Клинички центар, најблискиот влез за Детска клиника.
Центарот за управување со кризи информира дека е накосен целиот потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар и проблем се подземните води. Под улицата има цел сплет на одводни канали и инфраструктура, но Ангелов изјави дека никој не знае во чија сопственост и надлежност се. Тие канали се пзатнати и неисчистени поради што подзмените води од Водно се спуштаат директно кон потпорниот ѕид.