Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се собираат поддржувачи на кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова во пресрет на резултатите од првиот круг на претседателски избори.
Според последните податоци на ДИК, од 75 проценти обработени податоци од избирачките места, Силјановска-Давкова има 39,52 отсто од гласовите.