Фото: МИА

Екипа од ЈП „Македонија пат“ Подружница Велес е на терен и работи на  расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска околу пладне на патот Градско – Велес кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ.

– Екипата од вработени од ЈП „Македонија пат“ од велешката Подружница излезе на терен со машина скип – багер и веќе работи на расчистување на карпата и оспособување на патот – информира за МИА, Ристе Коџобашиев  раководителот на оваа велешка подружница на ЈП „Македонија пат“.

Одронот на карпа е последица на обилните дождови и лизгавоста на теренот на овој дел од патот Градско – Велес.