Фото: Супорт Кочани/ Фејсбук

„Сапорт Кочани“ не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение, ова е дел од одговорот на волонтерите на  „Сапорт Кочани“, што го лиферуваат до медиумите по вчерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски на прославата на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Тој во својот говор рече дека граѓанско движење за помош на Кочани полека преминува во политичко движење.

-Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да не’ најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница- се вели во соопштението од  Сапорт Кочани.

Волонтерите додаваат дека ништо нема да им застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во „Пулс“, а како што велат во соопштението „најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители“.