Санкциите ќе влијаат и на оние кои имаат бизнис со Орце Камчев, порача американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, откако САД го ставија македонскиот бизнисмен на својата црна листа.
Агелер објаснува дека Министерството за финансии на САД го назначило на црната листа Камчев поради корупција, поткуп, перење пари и други кривични дела.
САД го стави Орце Камчев на црна листа
Вели дека санкциите ќе влијаат не влијаат само врз поседувањата и имотот на Камчев, туку и врз оние кои имаат бизнис со него.
Агелер е децидна дека САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои што го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Македонија, бидејќи корупцијата има последици.
Претходно во одлуката, министерството од САД наведе дека Камчев ја злоупотребил својата позиција, впуштајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи агенда за своја корист, а на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија. САД го опишаа Камчев како бизнисмен кој интензивно се занимава со корупција, вклучително и злоупотреба на службената положба, перење пари.
Во делот на санкции се наведува дека целиот имот и интереси во имотот на Камчев што се во САД или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани и мора да се пријават на Канцеларијата за контрола на странски средства.