Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали изјави дека европската интеграција останува најважен стратешки приоритет на државата и процес што не може да се врати назад.
Говорејќи на церемонијата за доделување грантови во рамки на повикот за зајакнување на јавниот ангажман и комуникацијата на патот кон членство во Европската Унија, Сали истакна дека по завршувањето на скрининг-фазата земјата влегува во клучен период, во кој акцентот е ставен на спроведување на реформите и постигнување конкретни резултати, пренесе МИА.
Тој нагласи дека за успешен евроинтегративен процес е неопходно градење доверба кај јавноста, транспарентност и активно учество на граѓаните, бидејќи интеграцијата не е само институционален, туку и општествен процес.
Сали им честиташе на добитниците на грантовите и се заблагодари за поддршката од меѓународните партнери, оценувајќи дека реализираните проекти ќе придонесат за поинклузивен и поотворен процес на приближување кон ЕУ.
Тој изрази очекување дека овие активности ќе донесат видливи резултати и ќе ја зајакнат довербата на граѓаните во европската перспектива на државата.
































