Есенската потрошувачка кошничка даде добри резултати. Направивме стабилизирање и одредено минимално намалување на цените за разлика од претходните години кога имаше зголемување, оцени вечерва заменик министерот за економија и труд Марјан Ристовски.
– На 43 прехранбени производи кои влегуваат во вкупната синдикалната кошничка има намалување од 965 денари и самите синдикати, господинот Трендафилов кажа дека кошничката си ја постигната намената, но таму има едно евро намалување бидејќи имаме зголемување во други делови како облека, обувки, угостителски услуги – рече Ристоски во гостување на ТВ Сител.
Синдикалната кошничка, појасни, има вкупно 43 прехранбени производи кои влегоа по автиоматизам во есенската кошничка, но во есенската има 73. Ако земеме 960 денари отприлика 1000 денари од синдикалната наспроти есенската кошничка просекот би бил 1200 до 1500 денари. Можеби луѓето очекуваа драстично намалување, но нашата цел беше стабилизирање на цените, инаку ќе беа многу повисоки, наведе заменик-министерот за економија и труд.
Во наредниот период, дополни, со следни мерки ќе се потрудиме да имаме и поголеми намалувања кај одредени производи.
– Сега кај одредени можеби имаше намалување од два-три денари, кај некои немаше, а кај некои намалувањето беше и до 30 проценти, наведе Ристоски.
Мерката, како што посочи, е одлично донесена, имаше одредени трговци кои сакаа да ја изиграат, но Државниот пазарен инспекторат се надевам дека во претходниот период сериозно си ја врши работата и во одредени моменти настапи со казни кои не беа мали.
– Се надевам дека ДПИ и во иднина ќе има многу поголема контрола и ќе прави контролни мерки и надзори во сите трговски места каде се продаваат прехранбени производи за да можеме да ги регулираме цените со цел заштита на стандардот на граѓаните. Од вчера има нов директор така што се надевам и дека можеби и мерките ќе дадат подбри резултати, ќе видиме – рече Ристески, во гостување на ТВ Сител.
Како што потврдијата од Владата за МИА, нов директор на ДПИ е Влатко Стојкоски.
Ристоски соопшти дека веќе се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка која, како што истакна, првпат ќе има поинакви интересни мерки, кои ќе бидат иновативни и со кои првпат граѓаните ќе почувствуваат одредено намалување на одредени производи кои најмногуи се трошат во зимскиот период.
Според Ристоски, со владината мерка за ограничување на профитната маржа за училишниот прибор, имало намалување на цените за 25 до 35 проценти или од 750 до 2000 денари по семејство зависно кој колку трошел.