Фото: Маја Јаневска-Илиева

Редовниот железнички сообраќај на релација Битола-Скопје и обратно ќе има една рестрикција, но не и целосно запирање во периодот на најавената реконструкција на пругата Скопје-Зелениково.

Од битолската Железничка станица за МИА потврдија дека секојдневно и без пречки од Битола за Скопје ќе се поаѓа во 03.10 часот наутро и во 18.22 часот попладне, додека од Скопје за Битола, патничкиот воз ќе поаѓа во 06.50 часот наутро и во 20.05 часот навечер.

– Цената на возниот билет е иста и на релација Битола-Скопје може да се патува за 314 денари во еден правец, односно за 502 денари ако патникот набави повратен билет за патување во воз.
За време на првиот и третиот викенд во месецот превозот со воз за млади лица до 27 годишна возраст и сите пензионери, е бесплатен, изјавија за МИА од Железничката станица во Битола.