„Мојата главна порака е младите да ја зграпчат приликата и да станат иднината на ЕУ и на НАТО. Многу е битно да излезат и да гласаат на референдумот и да ја кажат својата демократска одлука“. Ова меѓу другото го изјави амбасадорот на САД, Џес Бејли при неговата денешна посета на општина Прилеп.

При тоа амбасадорот Бејли посочи дека ова e најважно, оти како членки на НАТО и ЕУ, земјата ќе ја има слободата, ќе има развој на бизнисот. Бејли оствари средба и со претставници од Регионалната стопанска комора во Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, изразувајќи задоволство од посетата на амбасадорот на САД Џес Бејли на градот, посочи дека разговарале за стопанството, за состојбите во РМ, и при тоа истакна дека пред нас е вистинскиот момент за донесување одлука за подобра иднина на нашите деца.

Ка.М.