Берово
Во Берово ќе се реконструираат три улици и потпорен ѕид во селото Двориште, а општината Берово веќе има објавено јавни набавки за избор на изведувач на работите за планираните градежни зафати.
– Во согласност со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општината Берово за 2020 година, општината објави постапки за доделување договор за јавна набавка за реконструкција на улицата Моша Пијаде во селото Русиново, на улицата 23 Август во Берово, на дел од градската улица Јуриј Гагарин и изградба на потпорен ѕид и пропуст на улица во селото Двориште – информираат од општината.