Жал ми е ова што се случи, што го откажуваме карневалот Прочка, иако бевме целосно подготвени за неговото одржување. Заштитата на граѓаните сепак ни е на преден план. Откажувањето доаѓа по препораките на Министерството за здравство и Владата во согласност со Законот за заштита на граѓаните од заразни болести. Ова меѓу другото го посочи на одржаната прес-конференција денес градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.
Тој истакна дека се откажаа сите активности поврзани со карневалот „Прочка 2020“, кој во Прилеп со нетрпение се очекуваше.
Сепак традицијата за Прочка во градот, во семејствата, за индивидуално маскирање, иако ќе го нема карневалот, ќе продолжи. 

Ка.М.