ЈП „Пазари“ Битола во иднина преку фотоволтаици ќе обезбедува енергија, беше соопштено денеска на прес-конференцијата која ова јавно претпријатие ја организра со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

-ЈП „Пазари“ деновиве целсно го заокружи проектот за производство на електрична енергија. Ова е најдобар доказ дека јавните претпријатијата се движат во насока на домаќинско работење на заштеди, кои што понатаму можат да се имплементираат во проекти и зафати кои што значат за заштита на животната средина – истакна градоначалничката на Битола, Натша Петровска.

На прес-конференцијата се обрати и Владо Атанасовски, директор на ЈП „Пазари“-Битола.

-Среќен сум што ние сме прво јавно претпријатие во државата кое што направило
фотоволтаична централа. Тоа е вистинско решение и соодветна замена за енергијата од фосилните горива кои ни предизвикуваат бројни еколошки и здравствени проблеми. Инвестицијата изнесува 1.100.000 денари без ддв, а ќе произведуваме максимум 20KW колку што е максимално дозволено за правни лица за сопствени потреби. Со оваа инвестиција значително ќе се намалат трошоците на јавното претпријатие. Ова е четврт последователен проект реализиран од ЈП „Пазари“ за 2019 година. Во наредната година ќе се реновира фасадата и дограмата на управната зграда со сопствени средства, одобрението е веќе добиено од Управата за културно наследство, исто така и ренот „бижутерија“ каде што во моментов седиме ќе биде целосно направен со водовод, одвод, електрика, партнерно уредување, покривање, нови тезги и урбана опрема. Проектот ќе биде реализиран со помош на Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска како и со средства од Агенцијата за финансирање на земјоделието како што аплициравме заедно со Општина Битола преку ИПАД 2 проектот, а финансиската конструкција е заокружена на 250.000 евра – рече Атанасовски.

М.М.