БЕРОВО

Започна работниот ангажман на лицата што се ангажирани на определено работно време, од 22 работни дена, за извршување јавни работи преку програмата за работно ангажирање. Околу 20 лица добија платен ангажман за уредување паркови и зеленила, јавни површини, чистење и метење, расчистување на дивите депонии, како и грижа за јавната чистота и зеленило.
Искуството од ваквиот тип ангажирања секогаш давало позитивни резултати и значително се забележува бенефицијата од ваквиот вид активности, како за самата општина, за околината и имиџот, така и финансиска бенефиција на самите ангажирани невработени лица, имајќи ги предвид и последиците од пандемијата на ковид-19. Исто така ќе се подобри градската чистота, ќе се овозможат попријатно место за живеење и поудобен престој за гостите туристи, ќе придонесе за намалување на загадените површини, ќе имаме задоволни граѓани и гости, што само по себе ќе ја издигне еколошката свест на граѓаните и грижата за здрава и чиста животна средина, како и целокупниот имиџ на општина Берово – информираат во Општината.