ГЕВГЕЛИЈА

Учениците од општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“ од Гевгелија годинава учествуваа на три меѓународни натпревари: „АРТ ин“, „ЗПМ Полихимнија 2021“ и „Сергеј Михајлов“, освојувајќи ги највисоките места. На меѓународниот натпревар „АРТ ин“ се претставија 22 ученика, во категориите балет, виолина и пијано. Под менторство на професорката Виолета Чокова, учениците од класата по балет, Ангела Дуганова, Јана Димитрова и Георгина Улиш, освоија прва награда, а Билјана Поп-Димитова, Надица Николовска и Босилка Стојанова освоија втори награди.
– Во натпреварувањето по виолина, под менторство на проф. Соња Панова, со прва награда се закитија Дарија Димитрова, Рената Цуклева, Наталија Ѓуровска и Јана Димитрова. Второнаградени се Љубица Мицева и Филип Траков. Во класата по пијано на проф. Владо Сапламаев, Хана Малева е првонаградена, Илија Димов – второнаграден, а Филип Темелковски – третонаграден. Две први награди им припаѓаат на Благоја Стоев и Јована Дупарова и една втора награда на Вангел Марков, ученици во класата по пијано на проф. Александар Лазаров – информираат во Општината.

Оттаму додаваат дека седум награди се освоени и на меѓународниот натпревар „ЗПМ Полихимнија 2021“ година, поточно три први награди во категоријата пијано за Благоја Стоев и Вангел Марков, под менторство на Лазаров и Дарја Димитрова во категоријата виолина, под менторство на Панова. Две втори награди во категоријата виолина освоија Јана Димитрова, под менторство на Панова, и Матеа Тунџева, под менторство на проф. Маја Зафирова, а две втори награди во категориите виолина и пијано освоија Виолета Каракабакова, под менторство на Зафирова, и Јована Дупарова, под менторство на Лазаров.
– На вториот по ред меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер на млади музичари „Сергеј Михајлов“ во Штип, Благоја Стоев, ученик на Лазаров по пијано, и Ана Димитрова, ученичка на проф. Сузана Стефанова по флејта, ги освоија првите награди – додаваат во Општина Гевгелија.