Од 18.30 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража која беше воведена поради врнежи од снег, информира АМСМ.
Од 18.15 часот, укината е и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од снег има во К.Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.