По издавањето на првиот „Зборник за Кратовски регион“, годинава, и објавувањето на двете книги „Зборник за Овче Поле“, минатата година, Никола Ристевски најавува нова трета книга за овој регион.
– Третата книга „Зборник за Овче Поле“ на читателите им нуди стар попис од 16 век, фототипни страници од стари книги и весници, написи за бакарното гумно, текстови за ослепувањето и прогледувањето еден крал, записи за Говедар Камен и стари народни песни и обичаи од Овчеполието. Книгата е поделена на неколку дела, според застапената содржина. Третото издание од едицијата „Зборник за Овче Поле“ содржи текстови на македонски, бугарски, српски, германски и на англиски јазик – вели Ристевски.
Собирањето на материјалите, нивното уредување, компјутерската обработка и објавувањето на книгата се комплетно дело на Ристевски од Свети Николе.