Денеска Здружението на граѓани за лица со посебни потреби „Надеж“ од компанијата „Дрекслмајер“ доби специјално транспортно возило, а општина Градско доби нови модерни автобуски постојки.
Со специјалното транспортно возило се зголемува мобилноста на околу 150 лица со посебни потреби меѓу кои и стари и изнемоштени лица од Градско. На возилото претходно му е извршена преадаптација и вградена хидраулична рампа, со што и неподвижните лица кои користат инвалидска количка едноставно и лесно ќе бидат транспортирани до соодветните дестинации.
Со втората донација од компанијата „Дрекслмајер“, сите жители на општина Гадско ќе можат да ги користат новите модерни автобуски постојки кои веќе се во функција и му даваат нов урбан лик на Градско.
Ми.М.