Над стотина поранешни стечајни работници од фабриката Искра од Куманово повеќе од три години мака мачат да си ја наплатат киријата за објект кој со години го користи под кирија фирмата ТГС од Скопје.

Станува збор за магацин со површина од 240 м2, кој се наоѓа во кругот на поранешната фабрика Искра од Куманово, кој по завршениот стечај на 15.04.2015 година го добија во сопственост 129 поранешни работници (со 63% сопственост) од фабриката заедно со уште еден ко-сопственик, правен субјект (фирма) од Скопје (со 37% сопственост), за чија сопственост сите поранешни работници и правниот субјект имаат добиено уредни и валидни имотни листови со кои што ја докажуваат сопственоста врз магацинот.

Пред година дена поголем број од поранешните работници по своја волја и во законска процедура си го продадоа својот идеален дел на ко-сопственикот (правниот субјект од Скопје), со што автоматски во голем процент се смени и сопственичката структура врз сопственоста на магацинот, но еден дел или поточно околу четириесетина работници и до ден денес го немаат продадено својот сопственички дел.

Што се однесува пак до плаќањето на месечната закупнина според склучен договор во висина од 300 евра корисникот на магацинот, фирмата ТГС од Скопје уредно си ја плаќал на стечајниот управник до завршувањето на стечајот до 15 април 2015 година или поточно до денот кога сопственици на магацинот станале поранешните 126 работници и ко-соптсвеникот, фирмата од Скопје.

Две третини од поранешните работници не примиле кирија за две години, а една третина за повеќе од три години за која што кирија, која до сега достигна сума од околу 5000 евра, од фирмата ТГС која го користи магацинот, не сакаат да им ја исплатат на сопствениците на магацинот најмногу заради податокот што со работниците до ден денес немаат склучено договор за користење на магацинот под кирија.

Додека пак неофицијално на ко-сопственикот на работниците (на фирмата од Скопје) редовно и тоа уште од 15.04.2015 година и ја исплаќаат месечната кирија за делот кој што е во сопственост на правниот субјект, со што пак од друга страна сопствениците – поранешните работници поради селективната исплата на киријата автоматски ги става во дискриминаторска позиција.

Инаку најголем хендикеп за поранешните работници во случајот преставува проблемот што оние кои го продадоа својот дел пред година дена еднаш дадоа уредно полномошно парите од киријата да се префрлат на еден поранешен вработен, но тоа полномошно фирмата ТГС од Скопје година дена го игнорира и не го уважува.

Од поранешните работници се барани комлетно нови 129 полномоштва за кои што однапред знае дека ќе треба многу време за да можат истите да се реализираат, бидејки меѓу сопствениците има починати лица, со што новите сопственици на магацинот ги става во мат позиција, да не можат никогаш да си ги наплатат своите заработени парични средства на име на неисплатена кирија за повеќе од три години.

Т.Д.