Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско кај Плетвар е во прекин во двата правца, информира АМСМ.
Сообраќајот е во прекин од 18:30 часот поради сообраќајна незгода.
На другите државни патишта сообраќајот се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.