ЈП „Комуналец“ Битола со советниците на Советот, како од власта, така и од опозицијата, се за комунален ред во градот, во кој точно се знае каде се поставува било кој тип на урбана опрема во која спаѓаат и корпите за отпадоци за подигнување на смет. Хаотичното поставување на урбана опрема на своја рака, како што тоа неодамна го направија советниците од независната листа „Поинаку“ не може да биде дел од организиран, интегриран систем на управување со отпад.
Во комуналната сфера не смее да има безредие и треба да се почитуваат одлуките кои советнците самите ги донеле, а тоа е комуналниот ред во градот и сите активности, иницијативи и идеи на граѓаните треба да се координараат со ЈП „Комуналец“, е заклучено на заедничката средба на раководството на ова комунално претпријатие со советниците на Советот на Битола.
М.М.