Започна реновирањето на најстарата и најголемата детска градинка во Кичево, „Олга Мицеска“. Градинката е отворена пред скоро половина век и според својот капацитет е најголема градинка во градот.
Со реновирањето на овој објект ќе се подобрат условите за престој на децата, а секако и условите за работа на вработените, под чија грижа се наоѓаат 150 деца на возраст од 9 месеци до 6 години.
-За да ги подобриме условите за престој и работа на децата и вработените , започнавме со реновирање на најстарата и најголема детска градинка во Кичево, „Олга Мицеска “. Градинката ќе добие неспоредливо поубав лик, а и условите за престој ќе бидат значително подобрени. Со овој зафат ќе бидат санирани ѕидовите, променет дел од инвентарот, а во кругот на детската градинка ќе биде изграден нов паркинг простор за најмалку десет моторни возила, со што родителите кога доаѓаат по своите деца или ги носат во градинка, ќе нема потреба како досега да се паркираат подалеку од влезот на градинката , туку во самиот нејзин круг. Исто така ќе бидат пресечени и неколку борови стебла кои не одговараат за овој простор, кои се стари и бескорисни. Со сите зафати што ќе бидат извршени, ќе ги избришеме годините на градинката, која е стара безмалку половина век – истакна директорот на детските градинки Кичево, Садик Ахмети.