Почнаа градежните активности околу рехабилитацијата на улиците „Смилевски конгрес“ и Младински бригади“ во Битола, во должина од 825 метри.
Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, ја посети локацијата, каде што од страна на изведувачот беше информирана за динамиката на работа и текот на активностите на оваа делница.
Улицата „Смилевски конгрес“ е значајна делница во овој дел од градот. Таа беше доста оштетена, а претставува своевиден крвоток за движење на населението по неа, бидејќи во близина се наоѓа училиште, градинка и голема концентрација на население.
– Општина Битола за оваа делница издвои 5.717.665 денари – посочи Петровска.
М.М.