Жители на прилепската населба Тризла изразија незадоволство и се пожалија на дискриминација на протестен марш до градскиот базен, тврдејќи дека група Роми не била пуштена да го користи објектот.
Револтираните граѓани најавувија дека ќе поднесат претставки и тужби до Комисијата за заштита од дискриминација.
Според известувањето на медиумите, сопственикот на базенот ги отфрлил тврдењата за дискриминација, објаснувајќи дека станувало збор за почитување на протоколот за заштита од ковид-19 од страна на посетителите во спортско-рекреативниот центар.