Фото: Зоран Антоски

Зградата на полициската станица во Кичево доби нова фасада и нови ПВЦ прозорци, со што е променет како естетскиот изглед на објект, така е подобрена и енергетската ефикасност, со што ќе се намалат и трошоците за затоплување на истиот.

Покрај полициската станица во Кичево, реконструирана е и зградата на полициското одделение во с.Зајаз, а министерот Оливер Спасовски најави и скорешно завршување на реконструкцијата и на полициските станици и во другите градови низ земјава. Исто така дисперзијата на базната станица за изготвување на лични карти и пасоши брзо се почувствува од страна на жителите од зајашкиот регион.

-Со дисперзијата на базната станица во полициското одделние во село Зајас, се почувствуваа и првите придобивки за жителите од овој крај. Повеќе ќе нема потреба жителите од овој регион за овие потреби да патуваат во Кичево, туку работите ќе ги завршат во базната станица во село Зајас, каде ќе можат да се фотографираат за лични карти, пасоши и возачки дозволи. Овој пример секако ќе ни даде насока и во иднина по сличен терк да дисперзираме и други базни станици во југозападниот регион од земјава ако за тоа има потреба-рече Стефан Димовски, портпарол на СВР-Охрид.

З.А.