Неготино

Општина Неготино почна со комплетна реконструкција на решетки од сливници и шахти во градот за да го реши проблемот со излевањето на атмосферските води по сообраќајниците. Со комплетното реконструирање на овие испусти за атмосферските води, граѓаните ќе се спасат од долгогодишниот проблем.

– Во изминатиот период се работеше на комплетна реконструкција на сливни решетки за одводнување атмосферски води и шахти на повеќе локации во Неготино. На одреден број локации се соочивме со момент каде што повеќе постојни сливни решетки и шахти биле затрупани со асфалт (на некои места бетон), а тоа резултирало со неконтролирано излевање на атмосферските води по должината на истата улица.

Сега тој проблем почна да се санира и очекуваме во периодот што следува да биде комплетно завршен – соопштуваат од Општина Неготино.