фото Зоран Антоски

Расте снежната покривка во ридско планинските села со надморска височина од 1000 метри, Ехловец, Патеец, Козичино, Рабетино, Цер, Ново Село и Душогубица.

Снегот што со послаб интензитет почна да паѓа во кичевскиот регион во ноќните часови, во текот на денот врнежите се интензивираа, а снежната покривка се создаде во сите населени места.

Поради обилниот снег, воведена е забрана за сообраќање на тешки товарни возила преку превојот Стража, а за останатите учесници во сообраќајот е задолжителна употребата на зимска опрема.

З.А.