По одземањето на сопственоста врз планинарскиот дом “Копанки” од страна на градоначалничката Наташа Петровска, со остра реакција се јавија од планинарскиот клуб Пелистер, кои се цврсти во одлуката да не дозволат национализација на нивниот имот.
– Во соопштението меѓу другото се вели дека како здружение и граѓани се соочуваат со уште еден во низата напади врз нив, планинарството и врз спортот севкупно.
– Како во најдобрите сталинови времиња, овојпат во 21. век, се спроведува нова национализација. Решението е правно неиздржано, контрадикторно по форма и суштина и истото ќе го поништиме во соодветна законска постапка. Нема да подлегнеме на притисоците, нема да се предадеме. Градоначалничката за ваквото постапување ќе одговара според законот, кој е ист за сите – стои во соопштението на ПСК „Пелистер”.
Инаку, да потсетиме планинарскиот дом Копанки изгоре пред шест години, поточно на 28 јануари 2013 година и оттогаш, иако и претходната и актуелната власт ветија брза изградба, од тоа нема ништо. Домот сеуште седи руиниран. М.М.