Првото бебе во Битола, кое се роди во новата 2021 година е машко. Тоа се роди една минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на Гинеколошко-акушерското одделение.
Бебето, кое го доби името Методиј, со родило со тежина од 3.150 гр, и должина од 50 см, и е прва радост на неговите родители.
Среќната мајка ја породи дежурниот тим во состав д-р Михајло Вангелов, д-р Гоце Чакаровски, сестрата инструментарка Александра Симоновиќ, акушерките Муневер Веџиу, Лилјана Стојановска, сестрата Даниела Стефановска, болничарката Наташа Дуковска. Од анестезиологија д-р Николина Петровска, д-р Сотир Николовски, сестра анестетичар Албиона Фејзуловска и неонатолог д-р Снежана Митревска.
Градоначалничката Петровска поради пандемијата оствари видеосредба со среќната мајка, со цел да ѝ ги пренесе честитките за првото новороденче.
Мајката од своја страна се заблагодари на чинот, како и на персоналот од Клиничка болница. Градоначалничката, покрај симболичниот подарок, за првороденото бебе намени ваучер во вредност од 20.000 денари. Таа симболично ги награди и останатите родилки и нивните деца, породени на првиот ден од новата 2021 година.
Инаку во Новата 2021 година во Битола се родија вкупно 5 бебиња.
– Добре ни дојдоа на свет нашите 5 нови сограѓани, нека ни се здрави, живи и вековити. Честитки до родителите, семејствата, а посебни честитки до дежурните екипи на Клиничката болница за нивната професионалност и посветеност. Оваа година, за разлика од минатите, одлучивме од здравствени и безбедносни причини да не ги посетиме директно мајките и новородените, но секако тоа не не прави помалку топли и помалку искрени во нашата радост за она што ни го донесоа, а тоа е пред се нов живот – рече градоначалничката Наташа Петровска.
Според зборовите на директорката на Клиничката болница Билјана Гагачевска во минатата година, која ја оставивме зад нас, во Битола бил зголемен бројот на новородени деца за 2 отсто.
М.М.