Снегот не е првоаприлска шега, туку слика која утринава ја имаме во поголемиот дел од нашата земја. И наместо првоприлски маскенбал на децата, денес имаме зимска идила, што и не е така ретка појава во овој период низ годините наназад.
И баш кога започнавме да ја пакуваме зимската гардероба за следната година, снегот и самиот амбиент нѐ вратија во реалноста. Што се однесува до снежната покривка од уринава, таа на повисоките места во Кичевијата изнесува од 15 до 20 сантиметри, додека на пониските места снег има нешто помалку снег. Во овој регион сите патишта се проодни а на превоите Стража и Пресека сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови. Граѓаните на Кичевосе при крај со залихите на дрва и овие временски услови никако не им одат во прилог.
– Зад нас е една од најтоплите зими што ја паметиме, но и тоа не помогна да имаме на залиха повеќе дрва. Променливото време беше причина да ложиме по цел ден, што придонесе количеството на потрошено дрво да биде на нивото од претходните години. Затоа мораме секогаш да имаме поголема залиха отколку што сметаме да потрошиме. Искуството нѐ учи да обезбедиме количина на дрва со која комотно ќе ја поминеме зиматам, каква и да е – вели Трајко Велјаноски од Кичево.
На овој снег му се израдуваа земјоделците, бидејќи почвената влага ќе биде доволна за непречена пролетна сеидба, а и залихите на вода во езерата и реките драстично ќе се зголемат по незапамтената суша во претходните 6-7 месеци.