Со пригодна свеченост и во присуство на градоначалникот на Општина Кичево, Фетмир Дехари, министерот за образование Арбер Адеми, и министерот за економија, Крешник Бектеши, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше ставен камен-темелник на нова училишна спортска сала во дворот на училиштето „Фаик Коница“ во село Грешница, Кичевско.
Оваа спортска сала е дел од проектот за изградба на 145 спортски сали ширум земјата а истата ќе биде завршена до крајот на оваа календарска година, а се протега на површина од 1.000 метри квадратни.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети беше презадоволен што и ова село и нивното училиште ќе добијат мултифункционална современа спортска сала.
– Ова е прекрасен ден за месните жители и регионот, бидејќи тука отсекогаш се создавале големи спортисти а со изградбата на новата спортска сала, нивниот број ќе биде и многу поголем – истакна лидерот на ДУИ.
Градежните работи на новата спортска сала ќе ги изведе ГП „Гранит“ Скопје, а истата ќе чини околу 400.000 евра.