БЕРОВО

Општина Берово ги информира граѓаните дека во согласност со позитивните законски прописи, во постапка е да се постави видеонадзор на две локации: градскиот кеј и комплексот Стара гимназија.
Видеонадзорот ќе се поставува исклучиво во функција за заштита на зелените површини, урбаната опрема, пешачките патеки, заштита на спортските терени, односно да се зачува јавното добро ставено во функција на граѓаните и купено со парите на граѓаните, како и да бидат минато сликите од уништена урбана опрема и уништени детски реквизити – информираат оттаму.
Овој систем ќе функционира во согласност со позитивните законски прописи.
Во таа насока, на општинската веб-страница www.berovo.gov.mk е активна јавна анкета на која граѓаните може да дадат свое мислење дали се за или против поставување видеонадзор на споменатите локации.
Анкетата ќе помогне за да се слушне мислењето на граѓаните за да продолжи постапката за поставување видеонадзор на наведените локации.