Привршуваат подготовките за одбележувањето на патрониот празник на Прилеп, Св.Никола. Се виткаат посните сармички од прилепски жени, членки на здруженијата.
Годинашен домаќин е градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, кому му е и домашна слава.
– Во духот на традицијата и хуманоста по 13 пат во центарот на градот ќе биде прославен патрониот празник. Сите граѓани ќе бидат на едно место. Хуманоста е значајна. Со љубов и почит да бидеме хумани -рече градоначалникот Илија Јованоски.
Неговата сопруга Виолета Јованоска посочи дека за посната трпеза ќе бидат подготвени околу 65 илјади посни сармички, 200 кг.грав и 300 кг.риби, а ќе има на располагање 2000 литри пијалоци.
Ка.М.