Со кревање на знамето на Ромите на јарболот пред општинската зграда, Општина Прилеп се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.
На кревањето на знамето, заради преевентивни мерки за заштита од коронавирусот присуствуваа само градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Совет на општина Прилеп Миле Талевски и двајцата претставници од ромската етничка
заедница во општинскиот Совет – Адем Мамудоски и Самија Ајдини.
– По повод Меѓународниот ден на Ромите заедно со претставници на ромската
заедница го кренавме знамето на Ромите, за да почекаме дека сите сме еднакви и
дека сме заедно во добро и во зло. Оваа година празникот го одбележуваме скромно
но достоинствено, а во таа насока организиравме и хуманитарната акција со која на
330 семејства од населбата „Тризла 2“ им беа поделени пакети со храна и
средства за хигиена – рече градоначалникот Илија Јованоски, кој повторно упати
апел до сите граѓани на општината да ги почитуваат препораките и мерките на
Владата и на Министерството за здравство, да седат дома и да се вардат. Ка.М.