По предлог на претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, Владата денеска донесе одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.

Наградата е за нивниот ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на над 7.000 парчиња, или 52 тони гранати, кои беа пронајдени на 27 октомври во близина на Градскиот стадион во Битола.
М.М.