Пијано рецитал ќе одржат младите надежни пијанисти Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески вечерва од 19 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На програмата се композиции од Бах, Бетовен, Шопен, Чајковски, Сибелиус, Зографски, Николовски.
И двајцата се ученици во ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во класата на професорката Христина Никоска Тасеска. Гостин на вечерта ќе биде Исидора Ангелеска од СМУ од Битола во класата на проф. Татјана Божиновска. Анастасија Петреска учествувала на голем број државни и меѓународни натпревари по пијано и камерна музика и има освоено многу први награди.
Арсениј Ангелески првиот успех го стекнува на 51-от државен натпревар на ученици и студенти во Скопје во 2013 година, освојувајќи Прва награда. Освен тоа, Арсениј е лауреат на повеќе меѓународни натпревари, како и на специјални награди, а освоил и повеќе први награди на државни натпревари.
Ангелески поседува и Сертификати за активно учество на семинарите по пијано кај предавачите д-р Ана Гацева, Карл Андреас Коли (Швајцарија) и Рустам Рахмедов (Турција).
Ка.М.