По десетчасовна интензивна работа на вработените на ЈКП „Комуналец“, ЈПВ „Студенчица“ и механизација на РЕК „Осломеј“, отстранет е дефектот на цевководот преку кој со вода се снабдуваат ТЕЦ-от и соседните села.
Дефектот најверојатно е предизвикан поради нестабилното тло на земјиштето во непосредна близина на депресијата од поранешниот рудник за јаглен Осломеј Запад, каде во изминативе години поради овој проблем се создаде и големо свлечиште.
– По 10-часовна интензивна работа отстранет е дефектот на магистралниот цевковод, кој со вода ги снабдува РЕК „Осломеј“ и селата во регионот. Се работи за цевка со профил од Ф-600, а до овој дефект е дојдено најверојатно поради нестабилната подлога каде поминува овој цевковод и каде во изминатите години се создаваше свлечиште, пропаѓаше и асфалтот на патот за Осломеј. Вработените на Комуналец и Студенчица, која воедно стопанисува со овој цевковод, како и механизацијата на РЕК Осломеј, целодневно беа на терен за да се отстрани овој дефект и во овие саати конечно цевководот е саниран, ТЕЦ-од и соседните села повторно добија вода за пиење и за други потреби – информира Иса Незири, од општина Кичево.
З.А.